Убиени 10 милитанти во Пакистан

Пакистанските безбедносни сили соопштија дека убиле најмалку 10-мина милитанти во регионот Бајур, во близина на границата со Авганистан. Пакистанската армија покрена офанзива против милитантите во тој регион во 2008-ма, но борбите и натаму продолжуваат.