Воена делегација на Европската Команда на САД во Македонија

Делегација од Европската Команда на САД предводена од бригадениот-генерал Џо Рамирез, од вчера е во дводневна работна посета на Република Македонија и АРМ.
Денеска делегацијата ги посети единиците кои се од составот на Здружена Оперативна Команда на АРМ: баталјонот на воената полиција и воздухопловниот ВИНГ, како и полкот за специјални операции, во касарната Илинден во Скопје, каде присуствуваа на демонстрација на една методско-показна вежба со содржини од обуката на оваа единица.