Терористичка организација одговорна за бомбата пред бирото на Симитис

Терористичката организација „Револуционерна ослободителна акција“ ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред канцеларијата на поранешниот грчки премиер, социјалистот Костас Симитис. Групата телефонски ја повикала приватната телевизиска станица Скај и ја презела одговорноста за нападот, јавија грчките медиуми.