Хилари Клинтон во посета на Франција

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, по учеството на конференциите во Лондон посветени на Јемен и на Авганистан, пристигнува во посета на Париз. Во рамките на посетата таа ќе оствари средби со францускиот претседател Никола Саркози и со шефот на дипломатијата Бернар Кушнер.