Светските лидери загрижени поради состојбата во Нигерија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и други светски лидери испратија отворено писмо до Нигерија, загрижени поради отсуството на претседателот на оваа земја. Во писмото се наведува дека Нигерија се наоѓа во „период на неизвесност“ откако нигерискиот претседател Умару Јарадуа ја напушти земјата кон крајот на ноември и замина на лекување во Саудиска Арабија. Тој му ги нема пренесено ингеренциите на потпретседателот, поради што може да дојде до уставна криза.