Јеремиќ ги повика африканските земји да не го признават Косово

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ денеска ги повика африканските земји да не ја признаваат независноста на Косово. Јеремиќ кој се обрати на годишниот самит на африканската унија во главниот град на Етиопија, Адис Абаба изјави дека признавањето на самостојноста на Косово може да доведе до нестабилност во други мултиетнички региони.