Нападнат НАТО конвој во Пакистан

Исламистички милитанти нападнале конвој на НАТО во пакистанскиот град Карачи. Околу 75 проценти од воените испораки на гориво за силите на НАТО кои се борат пртив талибанците во Авганистан доаѓа од пристаништето во Карачи. Вакви напади се карактеристични за северозапдниот дел од Пакистан, но не и во јужниот дел на земјата. Во денешниот напад, биле повредени три лица.