Најдено живо девојче 15 дена по земјотресот на Хаити

Шеснаесетгодишно девојче е е извлечено живо од урнатините во Хаити, 15 дена по земјотресот. Девојчето било дехидрирано и со повредена нога, јавуваат агенциите. Таа била заробена во училишниот кампус во Порт-о-Пренс. Околу 130 луѓе се извлечени живи од урнатините од земјотресот со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала. Хаитскиот претседател Рене Превал изјави дека речиси 170 илјади луѓе загинале во земјотресот.