Басеску во посета на Молдавија

Романскиот претседател Трајан Басеску е во официјална посета на Молдавија. Тој за прв пат е во земјата по победата на претседателските избори во декември минатата година. Неколку илади жители во Кишињев го пречекаа Басеску со знамиња од двете земји и Европската унија извикувајќи Моладавија е романска земја. Басеску соопшти денеска дека неговата земја ќе и помогне на Молдавија во евроинтеграциите, а со лидерите на земјата ќе потпише и договор за зајакнување на билатералните односи.