Меѓународна конференција за Јемен

Денеска во Лондон ќе биде одржана меѓународна конференција за безбедноста на Јемен. Се очекува на овој собир да присуствуваат претставници на 17 земји, меѓу кои и од 8-те најразвиени држави во светот, како и јеменскиот премиер Али Муџавар. Оваа конференција е закажана откако крилото на Ал Каеда во Јемен соопшти дека стои зад обидот за терористички напад во авион со 300 патници, што се случи пред еден месец на летот Амстердам- Детроит.