Експлозија во близина на воена база во Авганистан

НАТО силите соопштија денеска дека одекнала експлозија во близина на воената база во главниот град на Авганистан. Потапролот на алијансата, Нико Мелендез објави дека нападот се случил во околината на кампот Феникс во Кабул. Сеуште не се знае дали има жртви во експлозијата, која како што изјави шефот на криминалната истражна единица е предизвикана од автомобил бомба.