Папандреу - Време е за чекор напред во проблемот со името

Грција сака да го реши проблемот со името, а не да блокира, изјави денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу, одговарајќи на прашањето на пратеникот Андреј Жерновски, на седницата за пратенички прашања во Советот на Европа. Според Папандреу мора да се изнајде заеднички прифатливо решение. Тој изрази надеж и дека тоа решение ќе се случи во скоро време. Одговарајки и на поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани која се интересираше дали гледа промени во однесувањето на премиерот Никола Груевски и дали има причини за оптимизам., Папандеру рече дека е време е да се направи чекор напред.