5000 затвореници под контрола на САД во Ирак

Американскиот командант полковник Џон Хјуи соопшти денеска дека во Ирак има околу 5000 затвореници, кои се под контрола на американските војници. Тој за Радио Слободен Ирак изјави дека одговорноста за затворот Ал Таџи ќе им биде предадена на ирачките сили на 15 март, а контролата врз поголемиот дел од кампот Кропер ќе ја преземат во јули според безбедносниот договор меѓу Соединетите Држави со Ирак. Американските сили ослободиле околу 12 илјади затвореници во 2009 година.