НАТО ќе назначи нов цивилен претставник во Авганистан

НАТО денеска ќе го назначи новиот цивилен претставник во Авганистан, кој ќе му биде соработник на командантот на силите на алијансата во земјата генералот Стенли Меккристал. Дипломатите соопштија дека британскиот амбасадор во Авганистан, Марк Седвил ќе биде назначен на функцијата. Објавата на НАТО е два дена пред конференцијата во Лондон посветена на Авганистан.