Ромпеј во посета на Полска

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј, во рамките на турнејата низ европските престолнини, денеска ќе престојува во Варшава. Главна тема на разговорите со полскиот премиер Доналд Туск ќе биде престојниот самит на Европската Унија, кој ќе биде посветен на економската криза.