Антонио Милошоски во посета на Словенија

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски,кој се наоѓа во официјална посета на Словенија, денеска треба да биде примен од претседателот на државата Данило Тирк, а ќе се сретне и со словенечкиот министер за надворешни работи Самуил Жбогар и со членовите на парламентарната комисија за надворешни работи. Предвидено е Милошоски да одржи и предавање насловено „Република македонија на патот кон ЕУ и НАТО“ на Меѓународниот институт за блискоисточни и блакански студии. Синоќа Милошоски присуствуваше на отворањето на Амбасадата на Република Македонија во Љубљана.