Годишнина од ослободувањето на Аушвиц

Денеска во градот Краков во Полска се одржува конференција за одбележување на 65- годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. На конференцијата присуствува и претседателот на македонското собрание Трајко Вељановски.
Логорот беше отворен во 1940-та година. На ова место нацистите убиле над 1 милион луѓе, од кои повеќето евреи. Само две години по отворањето, Аушвиц беше најголемиот нацистички концентрационен логор.