Прогноза за времето- сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има услови за повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура е меѓу минус 14 и минус четири, а дневната ќе биде од минус три до пет степени. Во Скопје ќе биде умерено облачно, повремено сончево. Утринската температура се движи околу минус седум, а дневната ќе достигне до два степена.