Либанските власти трагаат по преживеани од авионската несреќа

Либанскиот претседател Мишел Сулејман соопшти денеска во Бејрут дека властите прават се што е во нивна моќ да ги спасат преживеаните од авионската несреќа. Околу 20 тела беа пронајдени од етипоскиот авион што се урна во Средоземното море неколку минути по полетувањето од аеродромот во Бејрут. Сулејман изјави и дека тие соочуствуваат со семејствата на патниците во авионот. На авионот имало околу 90 патници, повеќето од нив од Либан и Етиопија. Меѓу патниците била и сопругата на францускиот амбасадор Либан.