Министрите на ЕУ денеска за БиХ


Шефовите на дипломатиите на Европската унија на денешниот состанок во Брисел ќе разговараат за, како што е наведува шпанското претседателство на Унијата, загрижувачката ситуација во Босна и Херцеговина. На состанокот на кој ќе претседава новата висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, ќе стане збор и за помошта на Хаити и за испраќање европска полициска мисија во таа земја, погодена од катастрофалниот земјотрес.