Нимиц поканет наскоро да ја посети Атина

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, синоќа, од Брисел, телефонски разговарал со Метју Нимиц, личниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации за спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија. Притоа, како што јавува агенцијата АНА МПА, која го цитира соопштението на грчкото министерство за надворешни работи, Друцас го поканил Нимиц наскоро да ја посети Грција. Aгенцијата потсетува дека македонското министерство за надворешни работи пред два дена побара средба меѓу грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас и неговиот македонски колега Антонио Милошоски во Лондон, во обид да се изнајде решение на прашањето за името.