Лустрација за судиите, обвинителите и правобранителите

Од денеска до 25-ти февруари судиите, правобранителите и обвинителите треба да достават до Комисијата за верификација на фактите нотарски заверена писмена изјава дека не биле соработници на тајните служби, согласно Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција. Во овој рок изјава треба да достават судиите од Врховниот суд, од апелациските судови, Управниот суд и основните судии, членовите на Судскиот совет, јавните обвинители и членовите на Советот на јавни обвинители. Писмени изјави до Комисијата за лустрација треба да достават и Народниот правобранител, неговите заменици и раководни државни службеници во оваа институција, како и Јавниот правобранител, неговите заменици и раководните службеници.