Малики нареди проверка на направите за детонирање бомби

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики нареди да се изврши проверка на направите за детонирање на бомби, кои земјата ги купи од британска компанија. Британските власти вчера го забранија извозот на направите, по извештајот во медиумите дека тие не се ефективни. Во јуни една американска студија покажа дека направите се неефективни, но ирачките официјални лица сметат дека тие се покажале како корисни во спречувањето на нападите.