Милиони муслимани се собираат за молитва во Бангладеш

Најмалку 4 милиони муслимани денеска ќе се соберат во близина на Дака, главниот град на Бангладеш да извршат молитва, поради одбележувањето на најголемиот традиционален исламски настан Бишва Ијтема, кој трае три дена. Настанот се одржува од 1966 година и на него освен молитвите, се проповедаат исламските учења и се дискутира за Куранот.