2 американски војници убиени во експлозија на бомба во Авганистан

Двајца американски војници го загубија животот во експлозија на бомба во јужниот дел на Авганистан. НАТО силите не ја соопштија точната локација на нападот. Во Авганистан има 113 илјади војници, претежно од Соединетите Држави и НАТО кои им помагаат на властите во борбата со Талибанците.