Одложени парламентарните избори во Авганистан

Официјалните лица од Кабул соопштија дека авганистанската независна изборна комисија ќе ги одложи парламентарните избори за во септември. Причината за одлагањето е поради тоа што комисијата нема 120 милиони долари, кои и се потребни за организирање на гласањето. Западните подржувачи на претседателот Хамид Карзаи најверојатно ќе ја одобрат одлуката, бидејќи сметаат дека е потребно повеќе време за да се спроведат реформите за изборите да бидат успешни за разлика од спорните претседатлски избори во минатата година. Изборите требаше да се одржат на 22 мај.