Поранешен канадски амбасадор во Иран бил шпион на ЦИА

Поранешниот канадски амбасадор во Иран, Кенет Тејлор соопшти дека работел за ЦИА за време на заложничката криза по исламската револуција во 1979 година. Тој се договорил со тогашниот американски претседател Џими Картер и поранешниот канадски премиер Џо Кларк дека на ЦИА ќе и доставува информации од седиштето на амбасадата во Техеран. Иранските студенти во ноември 1979 година ја нападнаа амбасадата на САД и притоа држеа во заложништво 60 Американци.