Јосиповиќ-Хрватска води мирнодопска политика

Новоизбраниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ соопшти дека земјата води мирнодопска политика и оти не го изненадило излагањето на српскиот претседател Борис Тадиќ во Советот за безбедност на ОН, во кое ја обвини Хрватска дека „тропка со оружје“, по изјавата на Стипе Месиќ за можна воена акција во случај на референдум за самостојност на Република Српска од Босна и Херцеговина. Тој смета дека изјавата на Месиќ не била повик за војна, туку желба да се зачува единството на БиХ.