Груевски има исти желби со амбасадорите за спорот со името

Нивните желби се и наши желби, а тоа е што побрзо да успееме да најдеме решение за прашањето за името, прифатливо за двете страни. Oва е одговорот на премиерот Никола Груевски на вчерашните пораки на амбасдодорите на САД и на ЕУ Филип Рикер и Ерван Фуере дека спорот со Грција е главниот предизвик за Македонија и оти треба да се реши во наредните шест месеци за земјата да ги исполни клучните цели - членство во НАТО и преговори со Унијата. Груевски соопшти и дека очекува нова средба со медијаторот Метју Нимиц и дека е можно да се остварат средби и со грчките претставници.