2 војници загинаа во експлозија на бомба во Авганистан

Двајца војници го загубија животот во експлозија на бомба во јужниот дел на Авганистан, соопштија денеска НАТО силите. Оваа година во Авганистан загинаа 35 странски војници, а јужните покраини Хелманд и Кандахар кои се смета дека се засолништа на Талибанците се најопасните места во земјата.