Џо Бајден во обид да го спаси ирачкиот изборен процес

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска е во Багдад на разговори за загриженоста дека мартовските избори можат да бидат загрозени поради големата листа кандидати на кои им е забрането учеството поради поврзаност со Баат партија на бившиот диктатор Садам Хусеин. Според советникот на Бајден, Антони Блинкен, американскиот потпретседател бил убеден во способноста на ирачаните да ги надминат разликите.