Српската Православна Црква избира нов патријарх

Синдот на Српската православна црква денеска избира нов патријарх, по смртта на патријархот Павле во ноември минатата година. Патријархот ќе биде избран меѓу тројца кандидати. Според очекувањата, тоа би можело да оди брзо со оглед на тоа што промоцијата на новиот патријарх веќе била подготвена за в недела.