Кинеските медиуми за интернет цезура

Кинескиte медиуми го отфрлија повикот на Вашингтон за укинување на цензурата на Интернет. Кинеската влада пак, засега без реакција на говорот на американскиот државен секретар Хилари Клинтон која вчера упати апел до Кина и до другите авторитарни влади да ги укинат ограничувањата за употреба на интернетот. Клинтон, исто така, побара од Пекинг да поведе истрага за таканаречената сајбер шпионажа што ја спроведува Кина спрема Гугл и десетина други компании и дисиденти. Единствен одговор засега има од кинескиот Глобал тајмс кој оценува дека интернет слободата е слобода под американска контрола.