Советот за безбедност ќе расправа за Косово

Советот за безбедност на ООН денеска ќе ја разгледува ситуацијата на Косово. Ќе биде разгледуван тримесечниот извештај на генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун за Косово, во кој Србија и Косово се повикуваат да изнајдат начин и да го остават на страна прашањето на статусот и да се посветат повеќе на продолжување на регионалната соработка. Во овој извештај, кој се однесува за периодот од септември до декември 2009-та година, се наведува дека безбедносната ситуација на Косово е „релативно мирна но потенцијално кревка“.