Шпинделегер очекува до 2020 земјите од Западен Балкан да бидат во ЕУ

Шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер соопшти денеска дека неговата визија е до 2020 година сите земји од Западен Балкан да бидат членки на Европската Унија. Тој смета дека европската перспектива на земјите од Балканот создава стабилност и безбедност, која е важна за нивните компании и дека Виена има водечка улога како адвокат на регионот. Оваа година како што изјави Шпинделегер ќе биде во знакот на Западен Балкан со стапувањето во сила на Лисабонскиот договор и деблокадата на преговорите со Хрватска со што ЕУ добила слободни раце за приближувањето на регионот повторно да го стави на врвот. Шпинделегер кој се понуди да посередува во спорот со името меѓу Грција и Македонија денеска е во посета на Атина, а утре доаѓа во Скопје.