Медведев ќе се сретне со лидерите на Азербеџан и Ерменија

Рускиот претседател Димитри Медведев на 25 јануари во Сочи ќе се сретне со лидерите на Ерменија и Азербеџан да разговара за нивниот спор за сепаратистичката област Нагорно Карабах. Ерменскиот претседател Серж Саркисиан и неговиот азербеџански колега Илхам Алиев неколку пати досега се сретнаа да разговараат за тоа прашање, но не успаа да постигнат договор. Нагорно Карабах е област во Азербеџан населена со Ерменци.