На ред е Лустрацијата на Судиите, Обвинителите и Правобранителите

Комисијата за лустрација објави оглас со кој ги известува судиите, правобранителите и обвинителите дека од 25 јануари до 25 февруари до Комисијата треба да достават нотарски заверена писмена изјава, согласно Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.
Комисијата за верификација на фактите неодамна соопшти дека вкупно 61 носител на јавна функција ја поминаа лустрацијата. Проверката на изјавите на носителите на јавни функции почна во октомври минатата година и тоа откако е завршено со само - лустрацијата на 11-те члена на Комисијата.