Извештајот на Анкетната Комисија за Борис Трајковски во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска во рамките на 90-та седница, ќе расправа и по Извештајот за работата на Анкетната комисија за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски. На дневен ред е и Предлог - законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи.