Авганистан двојно ќе ги зголеми силите во наредните 5 години

Авганистанските власти соопштија денеска дека направиле план како да ја зголемат бројката на безбедносните сили на 400 илјади во наредните 5 години. Бројката на војници во авганистанската национална војска и полиција сега изнесува 191 000. Авганистанскиот министер за финансии Омар Закхилвал ја објави целта на земјата, пред одржувањето на меѓународната конференција во Лондон наредниот месец посветена на Авганистан. Вчера беа зголемени безбедносните мерки во Кабул, по серијата напади на Талибанците.