Холандски пратеник на суд за исламофобија

Холандскиот парламентарец Герт Вајлдерс, обвинет за поттикнување омраза против муслиманите, денеска ќе се појави пред судот во Амстердам. Тој е обвинет поради неговиот филм Фитна од 2008-ма година во кој беше сугерирано дека Коранот поттикнува насилство, а Вајлдерс јавно го споредуваше исламот со фашизмот. На овој процес во Холандија се гледа како на тест за границите на слободата на говорот.