16 загинати во несреќата во украинска болница

Украинското министерство за итни ситуации соопшти дека при уривањето на дел од болницата во градот Луганск загинале 16 луѓе. Два дена траеја напорите на спасувачките екипи, а од под урнатините беа извлечени 4-ца преживеани. Според Министерството, причина за несреќата била експлозија во просторијата каде што се чувал кислород.