Иран бара Франција да ослободи еден нивен студент

Иранските власти денеска побараа од Франција да го ослободи иранскиот студент, кој беше уапсен за прекршување на трговското ембарго на Иран. Мајид Какаванд кој е 37 годишен студент по електро инжињерство беше уапсен во март по барање на Соединетите Американски Држави, кои го обвинија дека праќал електронска опрема за цивилна и воена употреба во неговата земја. Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека студентот е невин и ги обвини француските власти дека го користат случајот за да извршат притисок врз нивната земја.