Бугарката Желева ја повлече кандидатурата за еврокомесар

Бугарскиот кандидат за комесар на Европската унија за хуманитарна помош Румена Желева ја повлече нејзината кандидатура. Таа во минатата недела дојде во непријатна ситуација кога за време на сослушувањето во Европскиот парламент, пратниците ја доведоа под прашалник нејзината компетенција за таа функција поради нејзините поранешни бизнис врски. Бугарските медиуми јавуваат дека Желева својата оставка писмено му ја доставила на бугарскиот премиер. Бугарија за нов кандидат ја предложи Кристалина Георгиева која сега е на функција во Светската банка. Европскиот парламент не може поединечно да спречи некое наименување на комесарите, туку да ја одбие целата предложена Комисија. Гласањето за тоа треба да се одржи на 26 овој месец.