Православните верници го слават празникот Водици

Православните верници денеска го слават христијанскиот празник Богојавление, Водици. Поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан денеска напладне од Камениот мост во Скопје ќе ги освети водите на Вардар и ќе го фрли крстот, кој ќе се обидат да го фатат 168 верници. На Богојавленската литургија во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје и на чинот на осветување на водите и спуштањето на крстот во водите на реката Вардар од Камениот мост, ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.