10 милијарди долари потребни за обнова на Хаити

10 милијарди долари од меѓународна помош ќе му бидат потребни на Хаити за обнова изјави денеска претседателот на Доминиканската Република, Леонел Фернандез. За да биде таа помош ефикасна потребно е да вклучува меѓународна стратегија, внатрешна координација во државата и јакнење на централната власт оцени Фернандез. Во Монтреал на 25ти јануари треба да се одржи донаторска конференција за Хаити .Во земјотресот со јачина од 7 степени по Рихеровата скала загинаа повеќе од 70 илјади луѓе, повредени се повеќе од 250 илјади а милиони останаа без своите домови. Владата на Хаити прогласи 30 дневна жалост во земјата.