Германија и Ирзаел за прв пат на заедничка маса по 60 години

Претставници на израелската и германската влада се сретнаа за прв пат по 60 години од холокаустот на седница во Берлин. Тема на разговор меѓу министрите на двете влади бил Иран кој двете земји го сметаат за потенцијална заедничка закана за нивната безбедност, јавуваат агенциите. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и германската канцеларка Ангела Меркел по седницата го предупредија Техеран дека ќе се соочи со нови санкции доколку не ја промени својата политика за нуклеарната програма.