Јанукович и Тимошенко во вториот круг на претседателски избори

Украинскиот опозициски лидер Виктор Јанукович и премиерот Јулија Тимошенко ќе продолжат во вториот круг на претседателските избори во Украина на 7 февруари. Централната изборна комисија соопшти дека се избројани над 90 проценти од гласовите и дека Јанукович води со над 35 проценти, а Тимошенко освоила речиси 25 проценти. Пред вчерашното гласање Тимошенко изјави дека таа се наоѓа на патот до победата, а Јанукович изјави дека нема да ги повтори нејзините грешки и на власта доколку стане претседател на земјата.