Дежер-Србија и Хрватска да обноват дијалог за тужбите во Хаг

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер соопшти денеска дека тужбите на Србија и Хрватска пред Меѓународниот суд на првдата не придонесуваат за спроведување на добрососедски односи, што е клучен приоритет на унијата за Балканот. Тој изјави дека ЕУ ќе ги охрабри двете земји да го обноват дијалогот за тужбите за геноцид и оцени дека воените злосторници мора да бидат индивидуализирани.