Холбрук очекува уште напади на Талибанците во Авганистан

Американскиот специјален пратеник за Авганистан и Пакистан, Ричард Холбрук соопшти денеска во Њу Делхи дека во иднина очекува уште напади од Талбанците во Авганистан. Претходно Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека ситуацијата во главниот град Кабул е под контрола, по серијата напади од Талибанците, во кои најмалку 9 луѓе загинаа, меѓу кои 4 милитанти, а 40 се повредени. Талибанците соопштија дека во инцидентот учествувале 20 нивни припадници, меѓу кои имало и бомбаши самоубијци.