ЕУ и Ирак потпишаа договор за енергетско партнерство

Комесарот за енергетика на Европската Унија, Андрис Пиебалгс и ирачкиот министер за нафта Оли Хусаин Ал Шахристијани денеска потпишаа "Mеморандум за разбирање" во Багдад за спроведување на стратегиско енергетско партнерство. Потпаролот на унијата, Алтафај Тардио во Брисел соопшти дека договорот отвара врата за соработка меѓу двете страни во иднина. ЕУ е заинтересирана за резервите на гас на Ирак, кои може да се искористат во гасоводот Набуко.